Ламинатор на ролни за еднострано и двострано ламинирање (BW-F350 серија)

Price range: 66.000 ден through 99.000 ден + 18% ДДВ

Опис

Овие ламинатори се специјално модифицирани ламинатори на ролни за еднострана или двострана ламинација на ДИГИТАЛНА и секаков вид штама/принт (BW-F350 серија). Моделите со работна ширина до 350 мм се специјално прилагодени за да ламинираат дигитален принт, но исто така одлично работат и со сите други видови печат/принт.

На овие ламинатори им се направени следниве модификации:

  • Појак притисок на предните валци

  • Директно греење на предните валци – HOT ROLLER технологија (горен валјак: хромиран метален, долен валјак: силиконски)

  • Можност за пластифицирање еднострано или двострано

  • Подолги (издолжени) држачи за ролни – овозможуваат користење на сите видови фолии на ролни за топло ламинирање со должина до 2.000 м

  • Систем за исправување на пластификатот – антивиткачка подвижна шипка, која при еднострано пластифицирање го исправува материјалот и спречува виткање

  • Метална рачка со перфоратор за перфорирање на фолијата (за полесно кинење/сечење по излез од машината)

  • Метална рачка со ножче за сечење на вишокот фолија кога форматот на хартијата е помал од ширината на ролната

  • Два вида адаптери за ролни: 1 инч и 3 инч внатрешен дијаметар (за фолии со различен јадро-дијаметар)

  • Влезен сензор за детекција на хартија – штити од неконтролирано замотување на фолијата околу валците и потреба од чистење

  • На излез, линиски нож на шини за сечење при двострана ламинација

Овие модифицирани ламинатори ги имаат речиси сите практични додатоци како големите индустриски машини, но со помала работна брзина и без хидрауличен притисок на предните валци. Хидрауличниот притисок е потребен кај полуавтоматските и автоматските индустриски ламинатори на ролни кои работат со многу поголеми брзини.

МоделBW-F350ABW-F350BBW-F350C
Ставање на хартијаРачноРачноРачно
Валци2 греени валци2 греени валци2 греени валци
Ширина на работа130–350 мм130–350 мм130–350 мм
Должина на работа110–999 мм110–999 мм110–999 мм
Дебелина на хартија80–400 gsm80–400 gsm80–400 gsm
Брзина300 м/час300 м/час300 м/час
Макс. дијаметар на ролна210 мм210 мм210 мм
ЛаминирањеДвостраноДвостраноДвострано
СечењеРачноРачноАвтоматско и рачно
ДисплејLCDLCDLCD
Антивиткачка шипка—ДаДа
Прифатна осовина за ладна ламинација—ДаДа
Автоматско запирање—ДаДа
Напојување220V / 50Hz220V / 50Hz220V / 50Hz
Димензии на машината460 × 600 × 510 мм460 × 600 × 510 мм460 × 600 × 510 мм
Нето тежина45 кг50 кг55 кг

 

Дополнителни информации
МоделBW-F350A, BW-F350B, BW-F350C