1. Испорака

  • Испораката се врши преку овластени курирски служби.
  • Рокот за испорака обично е 1–5 работни дена, освен ако не е поинаку наведено.
  • Трошоците за испорака се наведуваат при нарачка.

2. Преглед при прием

Корисникот е должен да го прегледа производот при прием. Во случај на видливо оштетување, потребно е веднаш да се пријави кај доставувачот и кај Витком.

3. Повраток на производ

Производ може да се врати во рок од 14 дена од приемот, доколку:

  • не е користен
  • е во оригинално пакување
  • не е оштетен

4. Исклучоци

Правото на повраток не важи за:

  • производи по специјална нарачка
  • репроматеријали кои се отпакувани или користени

5. Рефундација

По одобрен повраток, средствата се враќаат во рок од 7–14 работни дена, преку истиот начин на плаќање.