Ламинатор на ролни за еднострано/двострано ламинирање – BW-F650A

Побарај понуда

"*" indicates required fields

This field is for validation purposes and should be left unchanged.
Лични податоци за контакт*
Внесте го називот на вашата фирма
Емаил адреса за контакт*
Опис

Овој ламинатор е специјално модифициран ламинатор на ролни за еднострана или двострана ламинација на ДИГИТАЛНА штампа, како и на сите други видови печат/принт. Моделот е изработен по мои спецификации доставени директно во фабриката, со цел да обезбеди сигурно и квалитетно ламинирање на дигитален принт, но и на офсет, инкјет и друг вид штама.

Направени модификации и дополнителни функции:

  • Појак притисок на предните валци

  • Директно греење на предните валци – HOT ROLLER технологија (горен хромиран метален валјак, долен силиконски валјак)

  • Можност за пластифицирање еднострано или двострано

  • Издолжени држачи за ролни за користење фолии за топло ламинирање до 2.000 м должина

  • Систем за исправување на пластификатот – антивиткачка подвижна шипка (при еднострано ламинирање го исправува материјалот и спречува виткање)

  • Метална рачка со перфоратор за полесно кинење/сечење на пластификатот по излез

  • Метална рачка со ножче за сечење на вишокот фолија кога форматот е помал од ширината на ролната

  • Адаптери за ролни 1″ и 3″ (различен внатрешен дијаметар)

  • Влезен сензор за детекција на хартија (штити од неконтролирано замотување на фолијата околу валците)

  • На излез линиски нож на шини за сечење при двострана ламинација

Овој модифициран ламинатор ги има речиси сите додатоци како големите индустриски машини, но со помала брзина и без хидрауличен притисок на предните валци, кој е потребен кај индустриските ламинатори што работат со многу поголеми брзини.

Параметар Вредност
Модел BW-F650A
Ставање на хартија Рачно
Валци 2 греени валци
Ширина на работа 130–650 мм
Должина на работа 110–999 мм
Дебелина на хартија 80–400 gsm
Брзина 300 м/час
Макс. дијаметар на ролна 220 мм
Начин на ламинирање Двострано
Сечење Рачно
Дисплеј LCD
Подигање на осовината Да
Ножче за перфорирање Да
Напојување 220 V / 50 Hz
Димензии на машината 460 × 900 × 1400 мм
Нето тежина 60 кг