Тел. +389 72 226 077
0 Items - 0.00ден
0
  • No products in the cart.

YDFM 720A/920A/1050A Рачни хидраулични машини за еднострано ламинирање на хартија

514,800.00ден629,200.00ден +18% ддв

Clear
Compare

Карактеристики:
– Мануелните хидраулични ламинатори од YDFM –A серијата, се тип на мултифункционален ламинатор, кои се новоразвиени според барањата на долгодишните корисници, а и на пазарот. Тие за ламинацијата можат да користат и филм со лепило- таканаречен термален филм или БОПП и исто така филм без лепило. Ламинирање со филм без лепило значи да машината го лепи-ламинира филмот без лепило при одреден притисок и температура директно на хартијата без притоа до користи било какво додатно лепило. Ова технологија на ламинирање е нова и е наречена зелена ламинација затоа што не остава никакви токсични материи за разлика од класичната со термален филм, штеди енергија и го прави ламинирањето поефтино.
– Моторот е опремен со SCHNEIDER фреквенциски конвертор кој овозможува бесконечена фина промена на брзината, а со тоа се гарантира стабилност во текот на ламинирањето
– Компакната конструкцијата на машината (во едно парче) ја прави машината биде многу стабилна во работата и и го продолжува векот на трааење
– Рачно ставање на хартијата во машината преку транспортни ленти
– Магнетно обложената табла за ставање на хартија во машината овозможува лесно и прецизно регулирање на ставање на хартијата во машината
– Високо прецизниот обложен со хром преден загреван ваљак е опремен со вграден систем на маслено загревање на ваљакот т.е. е исполнет со масло кое се загрева. Тоа обезбедува перфекна еднаквост на температурата во секоја точка по должината на ваљакот, а исто така и беспрекорно фина регулација на температурата на хромниот ваљак
– Рачен хидрауличен притсок на предните и задните валци кој обезбедува голем и постојан притисок, а тоа гарантира перфекен квалитет на ламинирање
– На десната страна од машината напред наместена на посебна шипка има метална рачка со кружно ножче за сечење на фолијата во ширина уште кога е во ролната
– На левата страна од машината напред наместена на истата шипка има метална рачка со кружно назабено ножче – перфоратор кој ја перфорира фолијата и овозможува лесно автоматско откинување-сечење на ламинатот
– Хартијата после ламинирањето може по потреба да се намотување на додатна осовина која се регулира во зависност од ширината на хартијата и потоа се одмотува и откинува-сече рачно

Технички карактеристики:

модел 720 920 1050
макс. шири. на  хартија 680 мм 880 мм 1040 мм
брзина на ламинирање 0-30 м/мин 0-30 м/мин 0-30 м/мин
макс.темпе. на ламинирање 130 S 130 S 130 S
макс.дебели.  на хартија 80-500 гр/м2 80-500 гр/м2 80-500 гр/м2
мокност 13 KW 15 KW 16 KW
тежина на маш. 600 кг 700 кг 900 кг
димензии на маш. 1900х1500х1550 мм 1900х1700х1550 мм 1900х1900х1550 мм
YDFM

720A, 920A, 1050A

Enter your keyword