Тел. +389 72 226 077
0 Items - 0.00ден
0
  • No products in the cart.

SFML 720/920/1050 Полуавтоматски хидраулично-пнеуматски машини за еднострано ламинирање на хартија

886,600.00ден1,058,200.00ден +18% ддв

Clear
Compare

Карактеристики:
SFML серијата на полуавтоматски ламинатори се натпреварувачки тип на ламинатори, кои се дизајнирани и конструирани по елаборат базиран на комбинацијата на напредна технологија на слични интернационални ламинатори и фабричкото искуство од 30 год. во конструкцијата на ламинаторите. Тоа се високотехнолошки пакет, одлично изработени и со оригинален изглед. Електричните и пнеуматските направи се вградени во машината се контролирани со ПЛЦ системи и со нив може да оперира само еден човек. Операторот истовремено ламинира и ги разделува пластификатите.
– Овие машини се еден вид на двојно-функционален производ затоа што тие за ламинацијата можат да користат и филм со лепило – таканаречен термален филм или БОПП и исто така филм без лепило. Ламинирање со филм без лепило значи да машината го лепи-ламинира филмот без лепило при одреден притисок и температура директно на хартијата без притоа до користи било какво додатно лепило. Ова технологија на ламинирање е нова и е наречена зелена ламинација затоа што не остава никакви токсични материи за разлика од класичната со термален филм, штеди енергија и го прави ламинирањето поефтино. Се користи за еднострано ламинирање на корици за книги, проспекти, амбалажа, дигитални отпечатоци и сл.
– Моторот е опремен со SCHNEIDER фреквенциски конвертор кој овозможува бесконечена фина промена на брзината, а со тоа се гарантира стабилност во текот на ламинирањето
– Компакната конструкцијата на машината (во едно парче) ја прави машината да биде многу стабилна во работата и и го продолжува векот на трааење
– Рачно ставање на хартијата во машината преку транспортни ленти
– Магнетно обложената табла за ставање на хартија во машината овозможува лесно и прецизно регулирање на ставањето на хартијата во машината
– Високо прецизниот обложен со хром преден загреван ваљак е опремен со вграден систем на маслено загревање на ваљакот т.е. е исполнет со масло кое се загрева. Тоа обезбедува перфекна еднаквост на температурата во секоја точка по должината на ваљакот, а исто така и беспрекорно фина регулација на температурата на хромниот ваљак
– Автоматски хидрауличен притсок на предните и задните валци кој обезбедува голем и постојан притисок а тоа гарантира перфекен квалитет на ламинирање
– Пнеуматска осовина за лесно и прецизно ослободување на ролната од осовината, кое што обезбедува лесно и прецизно вадење и ставање на ролната на осовината
– Комбинацијата од пнеуматската осовина и направата за кочење овозможува перфекно регулирање на тензијата-оптегањето на фолијата
– На десната страна од машината напред наместена на посебна шипка има метална рачка со кружно ножче за сечење на фолијата во ширина уште кога е во ролната
– На левата страна од машината напред наместена на истата шипка има метална рачка со кружно назабено ножче – перфоратор кој ја перфорира фолијата и овозможува лесно автоматско откинување-сечење на ламинатот
– Антивиткачка направа која овозможува ламинатот после ламинацијата да остане рамен
– Автоматски пнеуматски систем за откинување-сечење на ламинатот
– Собирачка кутија-табла за собирање на готовите ламинати

Технички карактеристики:

модел 720 920 1050
мак. шири. на  хартија 680 мм 880 мм 1040 мм
брзина на ламинирање 0-20 м/мин 0-20 м/мин 0-20 м/мин
мак. темпера. на ламинирање 130 S 130 S 130 S
мак. дебелина на хартија 80-500 гр/м2 80-500 гр/м2 80-500 гр/м2
мокност 13 KW 15 KW 16 KW
теж. на маши. 900 кг 1000 кг 1100 кг
димензии на машините 2200х1500х1300 мм 2200х1700х1300 мм 2200х1900х1300 мм
SFML

720, 920, 1050

Enter your keyword