Тел. +389 72 226 077
0 Items - 0.00ден
0
  • No products in the cart.

SFML – 520 Полуавтоматска хидраулично/пнеуматска машина за еднострано ламинирање на хартија

13,500.00ден +18% ддв

Compare

Карактеристики:
SFML- 520  полуавтоматскиата ламинаторна машина е мал ламинатор дизајниран и конструиран за потребите на пазарот. Машината е компактна и лесна за работење со неа. Електричните и пнеуматските направи вградени во машината се контролирани со ПЛЦ системи и со нив може да оперира само еден човек. Кога операторот ке го стави на тач скринот форматот на хартија, машината автоматски се подесува за тој формат и истовремено ламинира и ги разделува пластификатите.Овој тип на ламинатор може да користати исклучиво филм со лепило – таканаречен термален филм или БОПП. Се користи за еднострано ламинирање на корици за книги, проспекти, амбалажа, дигитални отпечатоци и сл.

Конфигурација:
– Моторот е опремен со SCHNEIDER фреквенциски конвертор кој овозможува бесконечена фина промена на брзината, а со тоа се гарантира стабилност во текот на ламинирањето
– Компакната конструкцијата на машината (во едно парче) ја прави машината да биде многу стабилна во работата и и го продолжува векот на трааење
– Рачно ставање на хартијата во машината преку транспортни ленти
– Конструкцијата на табла за ставање на хартија во машината овозможува лесно и прецизно регулирање на ставање на хартијата во машината
– Автоматски систем за регулација на преклопувањето – кога операторот ке ја внесе должината на преклопување на тач скринот, овој систем автоматски ја подесува и контролира зададената вредност на преклопувањето да биде стално иста и тој сам си ги повлекува поставените листовите хартија на транспортната лента запазувајки го преклопот
– Високо прецизниот обложен со хром преден загреван ваљак е опремен со вграден цевкаст систем на загревање на ваљакот т.е во чија што шуплина има поставено цевкасти грејачи. Тоа обезбедува перфекна еднаквост на температурата во секоја точка по должината на ваљакот, а исто така и беспрекорно фина регулација на температурата на хромниот ваљак
– Автоматски пнеуматски притсок на предните и задните валци кој обезбедува голем и постојан притисок а тоа гарантира перфекен квалитет на ламинирање
– На десната страна од машината напред наместена на посебна шипка има метална рачка со кружно ножче за сечење на фолијата во ширина уште кога е во ролната
– На левата страна од машината напред наместена на истата шипка има метална рачка со кружно назабено ножче – перфоратор кој ја перфорира фолијата и овозможува лесно автоматско откинување-сечење на ламинатот
– Антивиткачка направа која овозможува ламинатот после ламинацијата да остане рамен
– Автоматски пнеуматски систем за откинување-сечење на ламинатот
– Собирачка кутија-табла за собирање на готовите ламинати

Технички карактеристики:

модел SFML-520
мак. ширина на хартија 500 мм
брзина на ламинирање 0-20 м/мин
мак. темпер. на ламинирање 60-120 S
мак. дебели. на хартија 80-500 гр/м2
мокност 7,5 KW
тежина на маши. 300 кг
димензии на  маш. 2050х1250х1410 мм

Enter your keyword