Ламинатор на ролни за еднострано и двострано ламинирање (BW-F350 серија)
66.000 ден – 99.000 денPrice range: 66.000 ден through 99.000 ден + 18% ДДВ
Овие ламинатори се специјално модифицирани ламинатори на ролни за еднострана или двострана ламинација на ДИГИТАЛНА и секаков вид штама/принт (BW-F350 серија). Моделите со работна ширина до 350 мм се специјално прилагодени за да ламинираат дигитален принт, но исто така одлично работат и со сите други видови печат/принт.
На овие ламинатори им се направени следниве модификации:
-
Појак притисок на предните валци
-
Директно греење на предните валци – HOT ROLLER технологија (горен валјак: хромиран метален, долен валјак: силиконски)
-
Можност за пластифицирање еднострано или двострано
-
Подолги (издолжени) држачи за ролни – овозможуваат користење на сите видови фолии на ролни за топло ламинирање со должина до 2.000 м
-
Систем за исправување на пластификатот – антивиткачка подвижна шипка, која при еднострано пластифицирање го исправува материјалот и спречува виткање
-
Метална рачка со перфоратор за перфорирање на фолијата (за полесно кинење/сечење по излез од машината)
-
Метална рачка со ножче за сечење на вишокот фолија кога форматот на хартијата е помал од ширината на ролната
-
Два вида адаптери за ролни: 1 инч и 3 инч внатрешен дијаметар (за фолии со различен јадро-дијаметар)
-
Влезен сензор за детекција на хартија – штити од неконтролирано замотување на фолијата околу валците и потреба од чистење
-
На излез, линиски нож на шини за сечење при двострана ламинација
Овие модифицирани ламинатори ги имаат речиси сите практични додатоци како големите индустриски машини, но со помала работна брзина и без хидрауличен притисок на предните валци. Хидрауличниот притисок е потребен кај полуавтоматските и автоматските индустриски ламинатори на ролни кои работат со многу поголеми брзини.
| Модел | BW-F350A | BW-F350B | BW-F350C |
|---|---|---|---|
| Ставање на хартија | Рачно | Рачно | Рачно |
| Валци | 2 греени валци | 2 греени валци | 2 греени валци |
| Ширина на работа | 130–350 мм | 130–350 мм | 130–350 мм |
| Должина на работа | 110–999 мм | 110–999 мм | 110–999 мм |
| Дебелина на хартија | 80–400 gsm | 80–400 gsm | 80–400 gsm |
| Брзина | 300 м/час | 300 м/час | 300 м/час |
| Макс. дијаметар на ролна | 210 мм | 210 мм | 210 мм |
| Ламинирање | Двострано | Двострано | Двострано |
| Сечење | Рачно | Рачно | Автоматско и рачно |
| Дисплеј | LCD | LCD | LCD |
| Антивиткачка шипка | — | Да | Да |
| Прифатна осовина за ладна ламинација | — | Да | Да |
| Автоматско запирање | — | Да | Да |
| Напојување | 220V / 50Hz | 220V / 50Hz | 220V / 50Hz |
| Димензии на машината | 460 × 600 × 510 мм | 460 × 600 × 510 мм | 460 × 600 × 510 мм |
| Нето тежина | 45 кг | 50 кг | 55 кг |
| Модел | BW-F350A, BW-F350B, BW-F350C |
|---|
