Tel. +389 72 226 077
0 Производи - 0,00 ден
0
  • Нема производи во количката.
0 Производи - 0,00 ден
0
  • Нема производи во количката.

SDFM-1100A Автоматска машина за еднострано ламинирање на хартија

Карактеристики:
Моделот SDFM-1100A е една од нашите најнови потполно автоматски ламинатори развиени за потребите на пазарот. Оваа машина за ламинирање е составена од систем за земање хартија, систем за ламинирање, систем за сечење-откинување како и ситем за собирање и ситем за намотуванње на пластификатот.Електричните и пнеуматски уреди вградени во машината се контролирани со програмабилни ПЛЦ системи.Сите операции во машината се одвиваат автоматски: земање на хартија, ламинирање и сечење-откинување на пластификатот. Може да ги користи и двата видови на фолија BOPP pre-glued  фолија – фолија со лепак и glue-less фолија – фолија без лепак и е одличен избор за ламинирање на сите видови на хартија- в.карти, корици на книги, каталози, проспекти, картон за амбалажна, дигитален печат и сл.

Конфигурација:
– Автоматски пнеуматски систем за земање на хартија со електронска вакум глава
– Автоматскиот пнеуматски систем за земање на хартија е опремен со автоматска заштита при прекинувањето на ставање на хартијата , регулирани со фотоелектрични и механички системи. Тоа значи дека кога нема хартија или хартијата ке се прекине во процесот на ламинирање, тогаш машината автоматски запира и со тоа се самозаштитува
– Главниот интерфејс систем на машината е направен од тачскреен екран во боја кој се гледа и контролира целиот процес на автоматското ламинирање на хартија
– Високо прецизниот обложен со хром преден загреван ваљак е опремен со вграден систем на маслено загревање на ваљакот т.е. е исполнет со масло кое се загрева. Тоа обезбедува перфекна еднаквост на температурата во секоја точка по должината на ваљакот, а исто така и беспрекорно фина регулација на температурата на хромниот ваљак
– Автоматски пнеуматски притсок на предните и задните валци кој обезбедува голем и постојан притисок а тоа гарантира перфекен квалитет на ламинирање
– Пнеуматска осовина за лесно и прецизно ослободување на ролната од осовината, кое што обезбедува лесно и прецизно вадење и ставање на ролната на осовината
– Комбинацијата од пнеуматската осовина и направата за кочење овозможува перфекно регулирање на тензијата-оптегањето на фолијата
– На десната страна од машината напред наместена на посебна шипка има метална рачка со кружно ножче за сечење на фолијата во ширина уште кога е во ролната
– На левата страна од машината напред наместена на истата шипка и метална рачка со кружно назабено ножче – перфоратор кој ја перфорира фолијата и овозможува лесно автоматско откинување-сечење на ламинатот
– Антивиткачка направа која овозможува ламинатот после ламинацијата да остане рамен
– Автоматски пнеуматски систем за откинување-сечење на ламинатот
– Систем за собирање на хартија на готови ламинате како кај офсет машините

Технички карактеристики:

модел SDFM -1100A
мак. ширина на хартија 1100х1200 мм
мин. ширина на хартија 300х300 мм
макс. брзина на ламинирање 0-50 м/мин
мак. дебелина на  хартија 80-500 гр/м2
моќност 30 KW
тежина 5000 кг
димензии  9000х2260х1900 мм
mk_MKMacedonian

Внесете го вашиот клучен збор