Тел. +389 72 226 077
0 Items - 0.00ден
0
  • No products in the cart.

SAFM – 800A Автоматска машина за еднострано ламинирање на хартија

2,888,600.00ден +18% ддв

Compare

Карактеристики:
Моделот SAFM-800A е една од нашите најнови потполно автоматски ламинатори развиени за потребите на пазарот. Оваа машина за ламинирање е составена од систем за земање хартија, систем за ламинирање, систем за сечење-откинување како и ситем за собирање и ситем за намотуванње на пластификатот.Електричните и пнеуматски уреди вградени во машината се контролирани со програмабилни ПЛЦ системи.Сите операции во машината се одвиваат автоматски: земање на хартија, ламинирање и сечење-откинување на пластификатот. Може да ги користи и двата видови на фолија BOPP фолија и gluless фолија – фолија без лепак и е одличен избор за ламинирање на сите видови на хартија- в.карти, корици на книги, каталози, проспекти, картон за амбалажна, дигитален печат и сл.

Конфигурација:
– Автоматски пнеуматски систем за земање на хартија со oil-free вакум пумпа
– Автоматскиот пнеуматски систем за земаwе на хартија е опремен со автоматска за[тита при прекинуваwето на ставаwе на хартијата, регулирани со фотоелектрични и механички системи. Тоа значи дека кога нема хартија или хартијата ке се прекине во процесот на ламинирање, тогаш машината автоматски запира и со тоа се самозаштитува
– Главниот интерфејс систем на машината е направен од тачскреен екран во боја кој се гледа и контролира целиот процес на автоматското ламинирање на хартија
– Високо прецизниот обложен со хром преден загреван ваљак е опремен со вграден систем на маслено загревање на ваљакот т.е. е исполнет со масло кое се загрева. Тоа обезбедува перфекна еднаквост на температурата во секоја точка по должината на ваљ акот, а исто така и беспрекорно фина регулација на температурата на хромниот ваљак
– Автоматски пнеуматски притсок на предните и задните валци кој обезбедува голем и постојан притисок а тоа гарантира перфекен квалитет на ламинирање
– Пнеуматска осовина за лесно и прецизно ослободување на ролната од осовината, кое што обезбедува лесно и прецизно вадење и ставање на ролната на осовината
– Комбинацијата од пнеуматската осовина и направата за кочење овозможува перфекно регулирање на тензијата-оптегањето на фолијата
– На десната страна од машината напред наместена на посебна шипка има метална рачка со кружно ножче за сечење на фолијата во ширина уште кога е во ролната
– На левата страна од машината напред наместена на истата шипка и метална рачка со кружно назабено ножче – перфоратор кој ја перфорира фолијата и овозможува лесно автоматско откинување-сечење на ламинатот
– Антивиткачка направа која овозможува ламинатот после ламинацијата да остане рамен
– Автоматски пнеуматски систем за откинување-сечење на ламинатот
– Единица за собирање на хартија која што е опремена не само со вибрирачка собирна кутија туку и со систем за намотување на готовите ламинати. После сечењето, ламинатот автоматски се испраќа во вибрирачката кутија и се ставе во ред. Ако не треба да се сече ламинатот, тој може да се автоматски намотува на намотувачката осовина.

Технички карактеристики:

модел SAFM – 800A
мак. ширина на хартија 780х1040 мм
мин. ширина на хартија 350х300 мм
мак. брзина на ламинирање 0-45 м/мин
мак. дебелина на хартија 80-500 гр/м2
мокност 21 KW
тежина на маши. 1800 кг
димензии на маши. 3900х1630х1650 мм

Enter your keyword