Ламинатор на ролни за еднострано/двострано ламинирање – BW-F650A
"*" indicates required fields
Овој ламинатор е специјално модифициран ламинатор на ролни за еднострана или двострана ламинација на ДИГИТАЛНА штампа, како и на сите други видови печат/принт. Моделот е изработен по мои спецификации доставени директно во фабриката, со цел да обезбеди сигурно и квалитетно ламинирање на дигитален принт, но и на офсет, инкјет и друг вид штама.
Направени модификации и дополнителни функции:
Појак притисок на предните валци
Директно греење на предните валци – HOT ROLLER технологија (горен хромиран метален валјак, долен силиконски валјак)
Можност за пластифицирање еднострано или двострано
Издолжени држачи за ролни за користење фолии за топло ламинирање до 2.000 м должина
Систем за исправување на пластификатот – антивиткачка подвижна шипка (при еднострано ламинирање го исправува материјалот и спречува виткање)
Метална рачка со перфоратор за полесно кинење/сечење на пластификатот по излез
Метална рачка со ножче за сечење на вишокот фолија кога форматот е помал од ширината на ролната
Адаптери за ролни 1″ и 3″ (различен внатрешен дијаметар)
Влезен сензор за детекција на хартија (штити од неконтролирано замотување на фолијата околу валците)
На излез линиски нож на шини за сечење при двострана ламинација
Овој модифициран ламинатор ги има речиси сите додатоци како големите индустриски машини, но со помала брзина и без хидрауличен притисок на предните валци, кој е потребен кај индустриските ламинатори што работат со многу поголеми брзини.
| Параметар | Вредност |
|---|---|
| Модел | BW-F650A |
| Ставање на хартија | Рачно |
| Валци | 2 греени валци |
| Ширина на работа | 130–650 мм |
| Должина на работа | 110–999 мм |
| Дебелина на хартија | 80–400 gsm |
| Брзина | 300 м/час |
| Макс. дијаметар на ролна | 220 мм |
| Начин на ламинирање | Двострано |
| Сечење | Рачно |
| Дисплеј | LCD |
| Подигање на осовината | Да |
| Ножче за перфорирање | Да |
| Напојување | 220 V / 50 Hz |
| Димензии на машината | 460 × 900 × 1400 мм |
| Нето тежина | 60 кг |

