Тел. +389 72 226 077

SADF–540 Автоматска машина за еднострано ламинирање на хартија

2,145,000.00ден +18% ддв

Compare

Карактеристики:
Моделот SADF-540 е една од нашите најнови потполно автоматски ламинатори развиени за потребите на пазарот. Најатрактивните карактеристики на ова машина се: компактна структура, хуманиот дизајн, SCHNEIDER, OMRON и др. интернационални брендови на електрична и фотоволтна опрема која е вградена во самата машина. Сите операции во машината се одвиваат автоматски: земање на хартија, ламинирање и сечење-откинување на пластификатот. Може да ги користи и двата видови на фолија BOPP фолија и gluless фолија – фолија без лепак и е одличен избор за ламинирање на сите видови на хартија- в.карти, корици на книги, каталози, проспекти, картон за амбалажна, дигитален печат и сл.

Конфигурација:
– Автоматски пнеуматски систем за земање на хартија со oil-free вакум пумпа
– Автоматскиот пнеуматски систем за земање на хартија е опремен со автоматска заштита при прекинувањето на ставање на хартијата , регулирани со фотоелектрични и механички системи. Тоа значи дека кога нема хартија или хартијата ке се прекине во процесот на ламинирање, тогаш машината автоматски запира и со тоа се самозаштитува
– Главниот интерфејс систем на машината е направен од тачскреен екран во боја кој се гледа и контролира целиот процес на автоматското ламинирање на хартија
– Високо прецизниот обложен со хром преден загреван ваљак е опремен со вграден систем на маслено загревање на ваљакот т.е. е исполнет со масло кое се загрева. Тоа обезбедува перфекна еднаквост на температурата во секоја точка по должината на ваљакот, а исто така и беспрекорно фина регулација на температурата на хромниот ваљак
– Автоматски пнеуматски притсок на предните и задните валци кој обезбедува голем и постојан притисок а тоа гарантира перфекен квалитет на ламинирање
– Пнеуматска осовина за лесно и прецизно ослободување на ролната од осовината, кое што обезбедува лесно и прецизно вадење и ставање на ролната на осовината
– Комбинацијата од пнеуматската осовина и направата за кочење овозможува перфекно регулирање на тензијата-оптегањето на фолијата
– На десната страна од машината напред наместена на посебна шипка има метална рачка со кружно ножче за сечење на фолијата во ширина уште кога е во ролната
– На левата страна од машината напред наместена на истата шипка има метална рачка со кружно назабено ножче – перфоратор кој ја перфорира фолијата и овозможува лесно автоматско откинување-сечење на ламинатот
– Антивиткачка направа која овозможува ламинатот после ламинацијата да остане рамен
– Автоматски пнеуматски систем за откинување-сечење на ламинатот
– Вибрирачка собирна кутија-табла за собирање на готовите ламинати

Технички карактеристики:

модел SADF – 540
макс. ширина хартија 780х540 мм
микс. ширина хартија 290х290 мм
макс. брзина на ламинирање 0-30 м/мин
макс. дебелина на  хартија 80-500 гр/m2
мокност 19 KW
тежина на машин. 1000 кг
димензии на  машините 2300х1300х1265 мм

Enter your keyword